Реал Мадрид го елиминираше Ливерпул, во полуфиналето против Челси! (ВИДЕО)

Најтрофејниот клуб во Лигата на шампионите, мадридски Реал се пласираше во полуфиналето од елитното натпреварување, откако вечерва на „Енфилд“ одигра без голови (0-0), кај англискиот првак Ливерпул кој не успеа да го надокнади поразот од 3-1, од првиот натпревар во Мадрид.

„Црвените“ одлично го започнаа натпреварот, Салах во втората минута ја имаше шансата на натпреварот, но не успеа да затресе мрежата на Куртоа. Избраниците на Јирген Клоп имаа уште неколку шанси, но без ефект.

Реал во полуфиналето ќе се судри со уште еден англиски клуб, лондонски Челси.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .