Рајан Гигс ПРИВЕДЕН – физички ја нападнал девојката!

Живата легенда на Манчестер јунајтед и моментален селекотор на репрезентаијата на Велс е уапсен поради сомневање дека физички ја нападнал својата девојка Кејт Гревил.

Познатиот британски таблоид „Sun“ пренесува дека полицијата пристигнала во вилата на Гигс вреда 1.700.000 фунти во неделата после 22 часот и го сослушала поранешното легендарно крило на Јунајтед кој бил пријавен токму од Гревил.

„Полицијата беше повикана во неделата во 22:05 минути од страна на жена во своите 30 – ти години која тврди дека визички била вознемирена. Таа добила полесни повреди, но лечење не беше потребно“, стои во соопштението на полицијата во Манчестер.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .