Рашфорд е „крвникот“ на ПСЖ! (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед стигна до голема победа на гостувањето во Париз кај францускиот првак и голема фаворит на овој натпревар ПСЖ (1-2). Експертите дефитивно ги потценија „ѓаволите“ кои одиграа одличен натпревар и заслужено стигнаа до победата.

Англискиот великан прв поведе преку капитенот Бруно Фернандеш од пенал во23. минута. Во меѓувреме, одличен на голот беше Давид де Геа кој одбрани неколку стопроцентни шанси на „светците“ кои не успеаа да го совладаат.

Меѓутоа, тоа што не им успеа на парижаните му успеа на францускиот напаѓач Ентони Марсијал кој си постигна ефектен автогол. Херојот на клубот од „Олд трафорд“ беше Маркус Рашфорд со победничкиот погодок во 87. минута.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .