Шпанскиот тенисер Рафаел Надал изјави дека најдобриот тенисе на денешницата, Новак Ѓоковиќ е опседнат со рушење на рекоди, а дека тој имал сосема друг пристап, во однос на српскиот тенисер.
„Новак е фокусиран на рушење на рекорди. Тој е опседнат со тоа. Не го мислам тоа на лош или негативен начин, туку е пофокусиран на рушење на рекордите. Него тоа повеќе му значи, секогаш зборува за тоа. Мојот пристап кон тенисот не е таков. Имам други амбиции“, кажа Надал.