Рафа Бенитез смета дека е неоправано избркан од Евертон!

Рафаел Бенитез не издржа ниту цели седум месеци како менаџер на Евертон, откако клубот рано утрово реши да му врачи отказ по последниот разочарувачки резултат во Премиер лигата.

„Карамелите“ загубија на гостувањето кај Норвич со 2:1 и остварената една победа на последните 13 меча во најсилното англиско друштво беа добра причина за раководството да се разделат со шпанскиот стручњак, кој сега преку официјално соопштение се пожали дека не добил доволно време.

Шпанецот излезе со проштално писмо и порача дека во модерниот фудбал веќе нема трпение за менаџерите, односно пресудни се резултатите без оглед на околностите во кои се наоѓа тимот.

“Цел мој тим знаеше дека нема да биде лесно, знаевме дека не чека голем предизвик, од емотивна, но и спортска смисла. Мојата љубов кон овој град ќе остане недопрена, поради градот Ливерпул ја прифатив понудата од Евертон. Од првиот ден работев посветено, резултатите не беа моја единствена цел, сакав да ги освојам срцата на фановите. Сепак, финансиската ситуација, а потоа и повредите ги направија работите многу потешки за нас. Убеден сум дека ќе беше се подобро со враќање на некои играчи и нови засилувања. Патот до успехот не е лесен, а за жал во модерниот фудбал се бараат резултати веднаш и има се помалку трпение. Несреќните околности ги одредија лошите резултати и за нас не беше возможно да го продолжиме овој проект. Во секој случај, сакам да и се заблагодарам на управата на клубот, на играчите и на навивачите. Му посакувам се најдобро на Евертон во иднина, “– гласи писмото на Рафа.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.