Распишана потерница по Зоран Мамиќ

Поранешниот тренер на Динамо од Загреб, Зоран Мамиќ и официјално се најде на потерница која ја распиша обвинителството во Хрватска.

Мамиќ во вторникот на полноќ требаше да се појави на издржување на казна затвор поради злоупотреба на службената положба. Меѓутоа, не се пријави во затворската установа па очекувано беше да биде распишана потрерница по него.

„Во случај ако поседувате информација за оваа личност ве молиме да ја известите најблиската полициска станица или да се јавите на 192. Исто така, информациите можете да ги доставите и преку нашата меил адреса“, стои во соопштението на полицијата.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .