Раниери: Гвардиола ќе дојде во Серија А

Легендарниот италијански тренер Клаудио Раниери изјави дека менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола сигурно во текот на кариерата ќе дојде во Италија и ќе стане тренер на некој калчолигаш.

„Серија А е атрактивна и примамлива. Се вратија Мурињо, Алегри, можеби и Сари. Врвните тренери работат во Италија. Штета што Конте го напушти Интер, но верувам дека Гвардиола порано или подоцна ќе биде тренер на некоја италијанска екипа“, заклучи Раниери.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .