Раководството на Барселона побара услуга од Меси – Аргентинецот ЛАДНО ги одби!

Се уште има лутина кај Лионел Меси поради одбивањето на Барселона летово да го ослободи од обврските кон клубот, а доказ за тоа е најновиот момент кај каталонскиот гигант.

Имено, челниците на Клубот пред неколку денови го повикале Меси на состанок. Аргентинецот очекувал дека ќе му понудат нов договор, но тоа што го побарале од него го шокирало еден од најдобрите фудбалери во историјата.

Водечките луѓе на Барса побарале да прифати да му биде намалена платата поради кризата во која се наоѓа клубот од „Камп ноу“, но Меси веднаш порачал дека нема шанси за такво нешто и веднаш ги напуштил просториите на клубот.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .