Еден од најзаслужаните фудбалери на Интер за освојувањето на Серија А сезонава, мароканскиот бек Ашраф Хакими после само една сезона во Милано, би можел да ги напушти „нероаѕурите“.
Имено, поради тешката финансиска криза тренерот на Интер, Антонио Конте по се изгледа ќе го напушти клубот, а на истиот чекор би можел да се одлучи Хакими за кој е заинтересиран францускиот гигант ПСЖ.
„Светците“ дефинитивно ќе испратат понуда до Интер за дефанзивецот, па останува да видиме каква ќе биде одлуката на италијанскиот првак.