Продолжува победничката серија на „металците“!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со одличната игра сезонава. „Металците“ по победата во дербито над Работнички, триумфираа и на гостувањето во Србија кај Динамик (82-92). Првата четрвртина беше израмнета, а во втората клубот од Аеродром заигра нешто подобро и на полувремето замина со + 6 (45-51).

Второто полувреме беше слично како првото, а во последната четвртина МЗТ ја дуплираше предноста за конечна победа. Најдобар поединец во таборот на „металците“ беше Хајндс со 22 поени и 13 асистенции. Крстевски мечот го заврши со 21 поен, Стојановски со 19 поени, а Херис имаше 16 поени.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .