Проблеми! Репрезентативец позитивен на корона – ја ПРОПУШТА Грузија!

Се појавија првите проблеми за селекторот на македонската фудбалска репрезентација пред најважниот натпревар во историјата на 12. ноември кога играме против Грузија во мечот за влез на Европското првенство.

Имено, голманот на Силекс, Даниел Божиновски добил позитивен тест за Ковид – 19 и нема да биде во комбинација за настап за ноемвриските натпревари каде освен против Грузија, играме и против Естонија и Ерменија.

„За жал, позитивен сум на коронавирус и ќе мора да поминам одреден период во карантин. Немам симптоми, но принуден сум да бидам изолиран од соиграчите во следниот период. На репрезентативните колеги им посакувам многу среќа и успех во намерата да се избориме за пласман на Европско првенство. Јас ќе бидам еден од најголемите поддржувачи“, кажа Божиновски.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .