Проблеми за Реал: Љуљ се повреди

Евролигашот Реал Мадрид во следните две седмици нема да може да смета на еден од најдобрите свои кошаркари, Серхио Љуљ, кој се повреди на мечот против Гран Канарија. Прегледите покажаа дека заработил незгодна повреда на мускулот и поради тоа мора да мирува одреден период.

„Сите се сеќавате на минатата сезона и колку проблеми со повредите имаше Серхио. Да не заборавиме, тој минатото лето настапи и на СП во Кина. Се надеваме дека во најбрз момент ќе се врати во тимот“, кажа тренерот на „кралевите“, Пабло Ласо.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .