Проблеми за Милвоки: Феникс го одбрани домашниот терен, води со 2-0! (ВИДЕО)

Кошаркарите на Феникс Санс повторно славеа на домашен терен против Милвоки Бакс во големото финале на НБА лигата за 2-0 во серијата (118:108).

Гостите подобро влегоа во натпреварот, ја добија првата четвртина (26:29), но веќе до полувремето Бакси сериозно заостануваа (56:45). Санси одлично продолжија и во вториот дел, а имаа и максимални 15 поени разлика во последната четвртина (65:50), па на крајот не им беше тешко да ја задржат предноста.

Девин Бокер беше најдобар кај домаќините со 31 поен, пет скокови и шест асистенции, додека Бриџис исто така беше одличен со 27 поени, а Крис Пол имаше 23 поени и осум асистенции. Убедливо најдобар на натпреварот беше Јанис Антетокумпо со 42 поени и 12 скокови.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.