Проблеми во Минхен: Челниците на Баерн лути на Левандовски!

Фудбалската репрезентација на Полска во неделата ремизираше без голови на домашен терен против Италија (0-0), меѓутоа во центарот на вниманието беше најдобриот напаѓач на светот – Роберт Левандовски кој на 10 минути до крајот го напушти теренот затоа што се пожали на повреда.

Прегледите покажале дека станува збор за полесна повреда на зглобот на десната нога и поради тоа Левандовски нема да ги одигра сите минути во претстојниот натпревар против Босна и Херцеговина кој ќе се одигра во Вроцлав.

Сепак, неговиот клуб, Баерн од Минхен побарале селекторот да го поштеди во овој натпревар, но очекувањата се дека Лева ќе помине околу еден час на теренот. Тоа што ги изненадило челниците на Баварците е дека напаѓачот се повредил уште во средината од првиот дел, но не сакал да го напушти теренот, а во Минхен не им се допаднал неговиот потег.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .