Шпанскиот претставник во Лигата на Европа, екипата на Виљареал оствари победа во првиот полуфинален дуел од ова натпреварување, каде на домашен терен со 2-1 го совлада англискиот премиерлигаш Арсенал.
„Жолтата подморница“ одлично влезе во овој меч и мораше да постигне подобар резултат. Веќе во 23. минута со головите на Тринкерос и на искусниот Раул Албиол, Виљареал водеше со 2-0, а имаше и играч повеќе дваесетина минути.
Сепак, „топчиите“ успеаа да го ублажат поразот и да постигнат важен гол преку Николас Пепе од пенал, кој може многу да значи во реваншот.