Преку живиот ѕид за победа на Нант: Каков гол на Лазаров по истекот на времето! (ВИДЕО)

Еден од најдобрите ракометари во историјата, Кирил Лазаров постигна спектакуларен погодок по истекот на времето за победа на Нант на гостувањето кај Шамбери (28-29). Мечот помина израмнето и по 60 минути игра, резултатот беше 28-28.

 Сепак, капитенот на македонската репрезентација не беше задоволен со реми и постигна погодок од девет метри, позиција од која исклучително ретко се дава гол, за големо славје на гостинските играчи. Лазаров беше прогласен за играч на мечот со шест постигнати гола, а беше прогласен и за МВП на мечот.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .