Пред три месеци славеа Скудето, сега го изгубија трпението: ЖЕСТОКА порака на ултрасите на Интер до Жанг!

Навивачите на Интер пред само три месеци го славеа првото место во Серија А, а само три месеци подоцна шампионскиот тим се распадна, па со право упатија жестока порака до кинеските сопственици на нивниот омилен клуб, конкретно до Стивен Жанг!

Ракводството на клубот од Милано го продаде според многумина најдобриот десен бек на светот Ашраф Хакими и веќе се е договорено со Челси и за продажбата на најзаслужниот за освојувањето на минатогодишното Скудето – Ромелу Лукаку.

Тимот го напушти и Антонио Конте, а нов удар им се подготвува од Тотенхем кој е заинтересиран за вториот најдобар напаѓач Лаутаро Мартинез, кој би пристигнал доколу Хари Кејн го напушти клубот.

Италијанските медиуми пренесуваат дека 500-тина ултраси на Интер се собрале на трибините на „Енио Тардини“ во Парма на мечот Интер – Торино и испратиле неколку пораки против компанијата Сунинг и газдата Жанг.

На една парола пишуваше: „Времето ти истече“, додека на друга „Ако сакаш да го спасиш клубот замини си“.

Во текот на целиот меч навивачите на Интер го навредувале Кинезот, но исто така им дале поддршка на тренерот Инзаги и на играчите.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.