Пред меѓусебниот дуел: Убедливи победи на Вардар и Шкендија (ВИДЕО)

Лидерот на табелата во ПМФЛ, Вардар убедливо победи на гостувањето кај Академија Пандев во дерби дуелот од 17. коло (0-3). „Црвено-црните“ полесно од очекувањата стигнаа до победата, а играч на натпреварот беше Даниел Аврамовски кој постигна два погодоци, додека третиот го постигна Владица Брдаровски.

Шкендија на домашен терен го демолираше Шкупи (4-0) и ја престигна Академија Пандев на табелата. Ибраими и Жуниор беа најзаслужни за победата, а двајцата постигнаа постигнаа по два погодоци. Тетовските „црвено-црни“ сега се втори на табелата и заостануваат осум бодови зад Вардар, пред дерби дуелот во Скопје следната недела кога му гостуваат токму на лидерот на табелата.

Вчера

Македонија Ѓ.П – Струга Т.Л     1-1

Денес

Академија Пандев – Вардар     0-3

Борец – Ренова               1-0

Шкендија – Шкупи        4-0

Работнички – Силекс   1-1

Табела

Вардар 35

Шкендија 27

Академија Пандев 27

Силекс 24

Македонија Ѓ.П 23

Струга Т.Л 23

Шкупи 22

Борец 19

Ренова 16

Работнички 15

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .