Првото „Ел Класико“ за „кралевите“: Глупоста на Ленгле скапо ја плати Барса! (ВИДЕО)

Во првото „Ел Класико“ сезонава, Реал Мадрид стигна до голема победа на „Камп ноу“ откако го совлада најголемиот ривал Барселона со 1-3.

Мечот започна возбудливо. Реал прв поведе со голот на Валверде во 5. минута, но само две минути подоцна Барса израмни преку Фати. Во меѓувреме двата тима имаа по неколку опасни шанси, но Куртоа и Нето имаа одличен натпревар.

Во второто полувреме домаќините подобро го започнаа натпреварот. Играа добро се до 63. минута кога по еден изведен корнер на Реал, дефанзивецот на Барса, Клемент Ленгле сосема непотребно го повлече Рамос во шеснаестерецот. Судијата Хуан Мартинез немаше друг избор освен да покаже на белата точка, а Рамос беше сигурен за водство на „кралевите“.

По примениот погодок играта на Барселона се распадна. Тоа го искористи големиот Лука Модриќ кој постигна мајсторки погодок откако ја раздрма цела одбрана на домаќините за конечни 1-3.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .