Првото дерби за Работнички: Гочер промаши – МЗТ загуби!

Работнички стигна до победата во првото вечно дерби сезонава против омразениот МЗТ Скопје Аеродром во првото коло од кошаркарската Прва лига. „Црвено – белите“ во „Градски парк“ во супер – интересен и ефикасен натпревар победија со 94:90.

Мечот нема некое резултатско значење, со оглед на фактот што ова беше само прв натпревар сезонава, но дефинитивно ќе влијае во самодовербата на играчите. МЗТ беше ослабен со поради неиграњето на Маслинко, Крстевски и Бакоч.

Домаќинот подобро го отвори натпреварот, а во еден момент имаше предност од 15 разлика (25:10). Меѓутоа, „металците“ се вратија со одличната серија 17-2 во втората четвртина, па на полувремето двата тима беа во егал (45:45).

Работнички прв дојде во водство и во второто полувреме кое успеваше да го одржи се до крајот на четвртата четвртина кога МЗТ поведе со поените на Гочер, кој во финишот беше голем трагичар.

Американскиот бек на седум секунди до крајот при водство од еден разлика за Работнички промаши две слободни фрлања во низа, а домаќинот не го пропушти подарокот и стигна до победа (94:90).

Питс беше најефиксен стрелец на натпреварот со дури 29 поени, Балмазовиќ имаше 19, додека Вашингтон два помалце. Кај МЗТ одличен беше Олуџоби со 19 поени, два помалку имаше Магдевски, 12 имаше Хасани Гравет, а по 11 имаа Бојиќ и Стојановски.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .