Први победи за Бостон и Клиперс, Атланта повторно поведе против Њујорк (ВИДЕО)

Доцна синоќа се одиграа три средби од плејофот на НБА лигата, во кои до првите победи во разигурувањето стигнаа тимовите на Бостон Селтикс и Лос Анџелес Клиперс, додека Атланта повторно поведе во серијата против Њујорк Никс.

Во центарот на вниманието дефинитивно беа Селтикси со неверојатениот Џејсон Тејтум кој мечот го заврши со неверојатни 50 постигнати поени во победата против ѕвездениот Бруклин (125:119). за 1-2 во серијата. Кај Нетси најдобри беа Џејмс Харден до 41 поени и Кевин Дурант со 39 поени.

Исто како „детелинките“ и Лос Анџелес Клиперс, по двата изненадувачки порази на домашен терен, успеаа да стигнат до првата победа и да му одземат еден брејк на Далас Маверикс (108:118), кој понатаму има се во свои раце (2-1).

Лука Дончиќ повторно беше на своето ниво со 44 поени, а му недостасуваше по една асистенција и скок за трипл – дабл. Кавај Ленард беше предводник на Клиперси со 36 поени, додека Пол Џорџ имаше 29.

Атланта повторно поведе во серијата против Њујорк Никс (2-1). „Јастребите“ во првиот натпревар на домашен терен славеа со 105:94. Трае Јанг постигна 21 поен, а кај Никси најдобар беше Дерик Роуз со 30 поени.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.