Прва фотографија и први зборови на Ериксен по страшниот инцидент: Данецот имаше порака за навивачите! (ФОТО)

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен имаше голема среќа пред неколку денови кога на ЕВРО 2020 доживеа срцев удар на мечот против Финска. За среќа, докторскиот тим на Данска го реанимираше на лице место, а сега Ериксен за прв пат се огласи во јавноста.

Фудбалерот на Интер објавија фотографија на социјалните мрежи од болничкиот кревет и им се заблагодари на навивачите за поддршката.

„Здраво на сите. Голема благодарност за слатките и неверојатни пораки кои пристигнаа од цел свет. Тоа многу значи за мене и моето семејство. Добро сум во вакви околности. Морам да поминам низ уште неколку прегледи во болница, но се чувствувам добро. Сега ќе навивам за момците од репрезентацијата во наредните мечеви. Играјте за цела Данска“, напиша Ериксен.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .