Прва победа на Вардар после 10 натпревари: Беласица поразена во Скопје!

Фудбалерите на Вардар денеска стигнаа до првата победа полсе 10 натпревари без триумф. „Црвено – црните“ на домашен терен ја совлада Беласица со (1-0).

Единствениот погодок на натпреварот го постигна Виктор Крстевски во 31. минута. Вардар сега има 31 бод, но се уште е на претпоследната позиција и го очекува жестока битка за опстанок во првата лига.

Во другите натпревари денеска, Шкупи го доби дербито со Работнички (2-0), Шкендија со пресврт го совлада Борец (3-1), исто како и Струга која ја „сврти“ против Македонија Ѓоче Петров на гости (2-3), а Пелистер минимално ја совлада Ренова (1-0).

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .