Прва изјава на Поповиќ по дебаклот против Франција

Жестока реакција имаа медиумите во САД после поразот на „дрим тимот“ од селекцијата на Франција на кошаркарскиот турнир за мажи на Олимписките игри во Токио, а после натпреварот изјава даде селекторот, легендарниот Грег Поповиќ.

„Тако е тоа во натпреварите. Некогаш славите, некогаш сте разочарани, но не гледам зошто ова се смета како изненадување? Според вас ние треба секој меч да го добиваме со 30 поени разлика, па да кажете тоа е тоа. Разликата помеѓу американската и европската кошарка е се помала. Европјаните играат се подобра кошарка и за тоа мораат сите да бидат свесни“, изјави Поповиќ.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .