Првата „бомба“ на Сити: Искешираа НЕСТВАРНИ 184 милиони за англиски репрезентативец!

Нема дилеми, Манчестер сити летово е подготвен да потроши големи пари. Првиот бомбастичен трансфер го официјализираа вечерва откако потврдија дека англискиот репрезентативец Џек Грилиш е нов фудбалер на клубот.

Верувале или не, овој трансфер „граѓаните“ севкупно ги чинеше 184.680.000 евра. На сметката на Астон вила легнаа 117.000.000 евра, а Грилиш потпиша петогодишен договор со неделна плата од 235.000 евра, па вкупно ќе заработи 67.680.000 евра.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .