По шокантното заминување на Кокошков, Фенер најде нов тренер

Игор Кокошков ги изненади сите со одлуката да ја напушти тренерската позиција во Фенербахче и да се врати во НБА лигата како асистент на Џејсон Кид во Далас Маверикс, и покрај тоа што веќе управата на Фенер го склопи тимот според неговите замисли.

Сепак, истанбулскиот великан брзо се снајде и за нов тренер го ангажираше неговиот сонародник, екс – селекторот на Србија и тренер на Виртус од Болоња, Александар Саша Ѓорѓевиќ.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .