По скршеницата на раката: Гордон Хајвард ќе паузира месец дена

Одличното крило на Бостон Селтикс, Гордон Хајвард доби скршеница на раката на натпреварот против Сан Антонио Спарс.

Иако се очекуваше дека долго време ќе биде надвор од паркетот, сепак, стигнаа добри вести за навивачите на „детелините“. Се очекува тој да се врати на терените за месец дена.

Хајвард пред два дена во дуелот со Руди Геј, го извлече подебелиот крај и со болна гримаса го напушти паркетот.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .