По неверојатната сезона: Репторси го наградија Сиакам со нов договор според кој ќе заработи милиони!

За Торонто Репторс минатата сезона беше најуспешна во историјата. „Диносаурсите“ за прв пат успеаа да стигнат до титулата во НБА лигата, а еден од најзаслужните кошаркари за овој голем успех беше Паскал Сиакам.

Камерунецот имаше сезона за паметење и сосема заслужено ја доби наградата за кошаркар со најголем напредок во минатата сезона од НБА лигата. Токму поради добрите игри клубот од Канада се реши да го „одврзе ќесето“ и да го продолжи договорот со крилниот кошаркар.

Сиакам во Торонто ќе остане додатни четири години, според кој ќе заработи неверојатни 130 милиони долари. Сумата ке биде зголемена на 156 милиони долари ако црномурестиот кошаркар биде дел од првата или втората најдобра петорка, или пак ако успее да стигне до МВП наградата.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .