Почина ултрас – легендата Гокси: Основачот на „Комити“ и лидер на „ЦПБ“ ја загуби битката со короната!

И онака ужасната тифо – сцена во Македонија денеска доби голем удар откако еден од најголемите „умови“ на навивачкото движење во земјата, Горан Костадиновски – Гокси почина откако ја изгуби битката со корона – вирусот.

Легендарниот Гокси беше еден од најважните ликови кои ги дала македонската тифо сцена. Тој беше еден од основачите на „Комити“, но се чини најмногу се прослави како лидер на навивачите на кошаркарскиот клуб Работнички, „Сити Парк Бојс“.

Неговите кореографии и пароли за вечното дерби МЗТ Скопје Аеродром – Работнички, уште долго ќе се прераскажуваат низ скопските улици, а Гокси како ултрас лик беше почитуван и од големите ривали „Фемили Аеродром“, што е уште еден доказ за неговата големина.

ПОЧИВАЈ ВО МИР ГОКСИ…

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .