Почина големиот Шон Конери: Поради другар го предаде Селтик, поради глумата го одби Јунајтед…

Светот денеска многу загуби откако еден од најголемите глумци во историјата, господинот Сер Шон Конери почина во 91. година од животот.

Познатиот оскаровец беше голем љубител на фудбалот, а тоа што секогаш ќе се зборува во неговата Шкотска беше неверојатниот факт што Конери го промени клубот за кој навива.

Тоа се случи кон крајот на 90 – тите кога поради пријателството со претседателот на Глазгов Ренџерс, Дејвид Мари, Конери почна да навива за „полицајците“, наместо за омразениот ривал Селтик со кој израсна.

Конери своевремено на промоцијата на својата автобиографија раскажа како неговиот татко Џозеф го наговорил да навива за Селтик уште како дете.

„Додека растев, фудбалот ми беше голема страст. Татко ми ме учеше да навивам за Селтик, а ние како деца игравме фудбал во големите бетонски хангари. Иако имав големи обврски како глумец, ја користев секоја шанса за да го гледам Селтик“, напиша Конери.

Сепак, после извесно време почна да се појавува на „Ајброкс“.

„Му го ветив тоа на Дејвид Мари кога се запознавме на еден приме во Глазгов. Веднаш се спријателивме, уживавме во пијалокот и проводот, многу години останавме големи пријатели. Поради него го засакав Ренџерс и поради тоа не ме сакаа на „Паркхед“ каде секогаш ме навредуваа“, се потсети во својата автобиографија легендарниот глумец.

Освен навивачите на Селтик, симпатии кон Конери немаат ниту тие на Хибернијанс и Хартс, клубовите од Единбург, градот кај што тој е роден. Таму го сметаат за „glory hunter“, што значи дека им свртел грб на локалните тимови и започнал да навива за трофејните.

Уникатниот Шкотланѓанец во својата биографија откри дека бил талентиран фудбалер и дека поради глумата ја одбил понудата на големиот Сер Мет Безби да потпише договор со Манчестер јунајтед.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .