Потпиша за нов клуб, се скара со тренерот и си замина после 20 дена

Бруно Алвеш, поранешниот португалски репрезентативец на 39 години потпиша договор со Фамаликао, после три сезони поминати во редовите на Парма. Сепак, екс – играчот на Ренџерс, Каљари, Фенербахче, Зенит и Порто после само 20 дена го раскина договорот.

Според информациите на португалските медиуми, Алвеш влегол во судир со тренерот Иво Виеира и поради тоа не сака да наредната сезона да го носи дресот на клубот во кој своеремено настапуваше и неговиот татко.

Алвеш дресот на португалската репрезентација го носеше на 96 натпревари и постигна 11 погодоци.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.