Постојат контакти, дури Мурињо разговарал со Рамос: Има ли Рома пари за капитенот на Реал?

Легендарниот, сега веќе поранешен капитен на мадридски Реал, Серхио Рамос бара нов клуб. Еден од заинтересираните за неговите услуги е италијанската Рома, на чие кормило седи Жозе Мурињо, кој веќе соработуваше со шпанскиот дефанзивец, кога двајцата беа дел од „кралевите“.

Според италијанските медиуми, Мурињо веќе имал телефонски разговор со 35 – годишниот одбранбен играч, но прва препрека би била неговата огромна плата, која реално тешко дека ќе може да ја подмири „римската волчица“.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.