Послатко не ни можеше: Олимпијакос го сруши омразениот ПАО и ја освои 46. титула! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Олимпијакос вечерва ја стигнаа до 46. титула, втора по ред, а судбината сакаше клучните три бода да ги земат против „смртниот“ ривал Панатинаикос кој го совладаа на „Карискакис“ со 3-1.

Дилеми во оваа сезона немаше. Славниот клуб од Пиреја доминираше во текот на целата сезона, а доказ за тоа е податокот што избраниците на Педро Мартинс забележаа само еден пораз и четири ремија.

Што се однесува до натпреварот, први поведоа „зелените“ со голот на големата надеж на Манчестер јунајтед, Федерико Македа кој од пенал го донесе ПАО во водство. Сепак, Олимпијакос се врати и до победата стигна со головите на Ахмед Хасан кој два пати стрелаше и на Брума.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .