Поранешниот играч на МЗТ и брат на Теодосиќ, обвинет за обид за СИЛУВАЊЕ!

Шокантни вести ни стигнуваат од Србија. Имено, Јован Теодосиќ поранешниот кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром и брат на далеку попознатиот Милош Теодосиќ е обвинет за обид за силување!

Ваква пријава денеска пристигнала во Високото јавно обвинителство во Ваљево против директорот на хотелот „Црн врв“ Јован Теодосиќ (36). Кривичната пријава ја поднела поранешната вработена во хотелот со иницијали И.Р (43) која тврди дека Јован ја нападнал на 4. декември 2019 година во нејзината соба, пред отварањето на хотелот.

Во кривичната пријава помеѓу другото се наведува дека Јован Теодосиќ околу два часот по полноќ на 4. декември 2019 година во хотелот „Црн врв“ се обидел да ја обљуби со употреба на сила и закани дека ќе го загрози нејзиниот телесен интегритет.

После тој обид, Јован на оштетената и кажал дека тоа ќе го прави секоја ноќ. Поради психичката и физичка траума, таа стравувала веднаш да пријави и да поднесе кривична пријава против осомничениот кој према нејзе и вработените се однесувал како насилник. Останува да видиме како ќе се одвива случајот кој предизвика огромно внимание во Србија.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.