Легендарниот камерунски голман и поранешен чувар на мражата на турскиот гигант Фенербахче и на неколку шпански клубови, Карлос Камени, доживеа сообраќајна несреќа во неговата земја Камерун, по што едно лице загина.
Според информацијата, Камени се наоѓа во добра состојба, но е префрлен во болницата на дополнителни испитувања.
Камени бранеше во Фенербахче кога играше со Вардар, а сега игра во Арта од Џибути. Во минатото Камени беше дел од Еспањол, Малага и Ле Авр.