Поранешен соиграч на Азар: Тој е наjмрзливиот фудбалер со кого имам играно

Поранешниот фудбалер на Челси, Џон Оби Микел на интересен начин го прокоментира Еден Азар. Двајцата фудбалери неколку години беа соиграчи во лондонскиот клуб. Микел го пофали талентот на Белгиецот, но ја доведе во прашање неговата работна етика.

„Азар има неверојатен талент. Можеби не е добар како Меси, но кога топката е во негов посед тогаш може да направи се што ќе посака. Не сакаше да тренира напорно. Додека работевме чекаше да заврши тренингот. Но, за време на натпреварите секогаш беше најдобриот. Тоа е неверојатно“, изјави Нигириецот.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .