Пораз од Холандија за крај, Пандев го одигра последниот меч: Се тргна на лошо по скандалозниот признат гол на Холандија! (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Македонија го заврши настапот на историскиот дебитантски настап на ЕВРО 2020 со пораз од Холандија (0-3), што значи дека ќе завршиме на последната позиција на табелата, без бодови.

На овој меч последниот настап за „црвено – жолтите“ го имаше најголемиот во историјата, Горан Пандев кој со „шпалир“ на честа беше испратен од игра во 68. минута, кога на негово место влезе Тихомир Костадинов.

Хероите беа одлични, се до скандалозната 24. минута, кога не беше досуден чист фаул врз Пандев. Романскиот арбитар Ковач остави играта да продолжи, Депај постигна гол, а немаше никаква реакција од ВАР собата.

Тука играта на Македонија се сруши, но и покрај тоа бевме опасни, Трајковски имаше статива, а во текот на натпреварот имавме и два поништени гола поради офсајд. Другите два гола за „лалињата“ ги постигна капитенот Џини Вајналдум.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .