„Поради Арсенал два пати го одбив Реал Мадрид“

Легендарниот поранешен менаџер на Арсенал, Арсен Венгер откри дека поради „топчиите“ одбил две понуди од Реал Мадрид.

„Во два наврати бев блиску до клупата на Реал. Нема многу луѓе кои можат тоа да го кажат, но бев вклучен во проектот за изградбата на новиот стадион кој го замени „Хајбери“ и тој проект мораше да биде завршен. Затоа не отидов во Шпанија, морав сам да ја завршам работата“, откри Французинот.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.