Фудбалерите на Лил се најпријатното изненадување во топ 5 лигите во Европа, откако успеаа да ја добијат трката со ПСЖ, клубот со многу поголем буџет и на крајот да стигнат титулата во Лига 1.

Вечерва на момците на Кристоф Галтие им беше потребна победа на гостувањето кај Анжер, а тоа и го испорачаа (1-2), па така пирова беше победата на ПСЖ кај Брест (0-2).
Лил сезоната ја заврши со 83 бодови, бод повеќе од второпласираниот ПСЖ, додека последното место кое води во ЛШ го освои Монако. Четврти заврши Лион, додека петти Марсеј.