Покетино: Примивме случајни голови, но заслужено изгубивме

Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино и покрај синоќешниот пораз на домашен терен во првиот полуфинален меч од Лигатата на шампионите од Манчестер сити, се надева на добар резултат во реваншот.

„Одигравме две различни полувремиња. Во првото бевме добри, но тешко е да се елиминира тим како Сити. Го заслуживме водството, а тие беа подобри во продолжението од играта. Дадоа два случајни гола, но направија повеќе шанси. Примените погодоци беа навистина разочарувачки. Тие имаат предност, но во фудбалот морате да верувате“, изјави Аргентинецот.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .