Покетино пред отказ во Тотнем, но седнува на клупата на „ѓаволите“?

Англиските медиуми пишуваат дека Маурицио Покетино по пет сезони ќе го напушти Тотнем. „Петлите“ сезонава играат далеку под очекувањата, а во Премиерлигата се наоѓаат на очајното 14 . место.

Токму поради ова се тресе клупата на Покетино, а според информациите во текот на репрезентативната пауза се воделе сериозни разговори помеѓу управата на Тотнем и Аргентинецот на кои било одлучено тој да си замине.

Ако се остварат овие најави на медиумите од Островот на Покетино нема да му биде тешко да најде нова работа. За него се заинтересирани многу клубови, а најупорен во моментов е Манчестер јунајтед.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .