Покетино на клупата на Баерн?

Маурицио Покетино пред неколку денови доби отказ од Тотнем и моментално е слобеден агент. Аргентинскиот тренер во Лондон помина дури пет сезони, а на негово место дојде Жозе Мурињо.

Сепак, 47- годишниот тренер нема уште долго да биде без работа. Многу клубови се заинтересирани за него, а според последните информации за него најзагреан е баварскиот гигант Баерн Минхен.

Спортскиот директор на Германците, Хасан Салихамиџиќ веќе закажал состанок со Покетино на кој се очекува да му ја понуди тренерската работа. Баерн веќе некое време е без тренер, откако отказ доби Нико Ковач.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .