Филип Кузмановски одлично игра за репрезентацијата на Македонија откако селектор стана големиот Кирил Лазаров. Средниот бек пред квалификациските натпревари против Финска и Швајцарија очекува две победи.
„Ќе одиме на две победи, мислам дека сме поквалитетни и тоа го покажавме на првите две меѓусебни средби со овие две репрезентации. Секако има во оваа селекција уште многу што да покажува, имаме и млади ракометари желни за докажување па верувам дека ќе имаме успешни два настапи“, кажа Кузмановски.