Познат новиот тренер на Работнички

Работнички катастрофално ја почна новата сезона во првата македонска лига и по воведните 10 кола се наоѓа на последната позиција на табелата со само 10 освоени бода.

Токму поради лошиот старт Александар Влахо минатиот викенд си поднесе оставка од клупата на „Романтичарите“, а веќе познат е неговиот наследник. Станува збор за досегашниот асистент и поранешен капитен на Работнички, Марјанчо Андревски.

Тој во минатото има работено и со младинските категории на клубот од „Дебар маало“, а сега доби шанса и како прв тренер на сениорите. Андревски веќе го одржа првиот тренинг, а дебито ќе го има утре на гостувањето кај Шкупи.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .