Познат новиот домаќин на Копа Америка

Иако првично беше планирано Копа Америка да се одигра во Аргентина и Колумбија, сепак поради катастрофалната епидемиолошката состојба во овие земји предизвикана од корона – вирусот, КОНМЕБОЛ одлучи ова натпреварување да се одржи во Бразил.

Бразилците имаат големо искуство со организација на вакви натпреварувања, посебно во последните години (2014 година Светско првенство и Копа Америка 2019 година), а сега ќе имаат можност титулата да ја одбранат пред своите навивачи.

Копа Америка започнува на 13 јуни, два дена по стартот на Европското првенство.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.