Познато какви услови му понудил Милан на Ибра, но дали Швеѓанецот ќе ја прифати оваа понуда…

Следниот месец му истекува договорот на Златан Ибрахимовиќ во Лос Анџелес Галакси. Швеѓанецот ќе биде слободен играч и како таков ќе може самиот да си го одбере својот следен клуб.

Еден од најзаинтересираните клубови е италијанскиот гигант Милан, а популарниот „Ибракадабра“ веќе беше дел од овој клуб (2010-2012). Медиумите на Апенините пишуваат дека агентот на Швеѓанецот, контроверзниот Мино Раиола веќе имал неколку разговори си раководството на „росонерите“.

„Газета дело Спорт“ пишува дека Милан на одличниот напаѓач му понудил договор до крајот на сезоната со можност да се продолжи на уште една сезона. За тие 18 месеци ако ја прифати понудата Швеѓанецот ќе заработи шест милиони евра.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .