Познато каде Интер и Јувентус ќе се борат за трофејот во Суперупот на Италија

Уште од сега започна организацијата на Суперкупот на Италија, каде што ќе се сретнат новиот италијански првак Интер и победникот во Купот, екипата на Јувентус.

Претседателот на Серија А, Паоло Дел Пино сега откри и каде ќе се одржи натпреварот, а станува збор за Саудиска Арабија.

„Лигата воспостави контакт со Саудиска Арабија и мислиме дека тоа е правиот потег за поголема промоција на калчото на останатите континенти. Дуелот Интер – Јувентус ќе привлече голем број на навивачи, но и маркетиншки ќе биде јак потег. Станува збор за два клуба кои имаат навивачи и интерес во целиот свет“, изјави Пино.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .