Познато во колку часот Ѓоковиќ и Надал ќе се судрат на Ролан Гарос

Судирот помеѓу тениските титани, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал е закажан за во петок, а сега е познато и сатницата на одигрувањето на полуфиналето на Ролан Гарос.

Одлична вест за љубителите на тенисот во Македонија е што мечот ќе се одигра кога ќе бидат завршени работните обврски, а мечот ќе започне од 17:30 часот, соопштија организаторите.

Ова ќе биде нивен деветти дуел на паришкиот Гренд слем. Надал има убедлива предност од 7-1 во меѓусебните дуели, меѓутоа не смее да се заборави фактот дека Ѓоковиќ е еден од двајцата тенисери кои му нанеле пораз на Шпанецот на „неговиот“ турнир.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .