Со синоќешните победи на Филаделфија и Атланта, овие две франшизи се пласираа во полуфиналето на Источната конференција, откако славеа над Вашингтон и Њујорк Никс.
Така им се приклучија на Милвоки Бакс и Бруклин Нетс кои го сочинуваат едното полуфинале, додека во другото ќе се судрат токму Филадефија и Атланта. Дефинитивно нови интересни дуели во НБА лигата не очекуваат, Ембид против Трае и Јанис против големата тројка од Нетс.