Вечерва по завршувањето на натпреварите од групата „Ф“ ги добивме сите осминафинални парови на ЕВРО 2020.
Дефинитивно најголемето внимание ќе го привлечат, култното дерби Англија – Германија на „Вембли“ и Португалија – Белгија кои ќе се судрат во Севиља, како и мечот Хрватска – Шпанија кој ќе се одигра на „Паркен“ во Копенхаген.
За добро информираните љубители на фудбалот, одличен ќе биде и мечот Холандија – Чешка, а овие селекции имаа неколку епски дуели во минатата деценија. Италија би требало да има лесна задача против Австрија, исто на „Вембли“, додека Велс и Данска ќе се судрат во Амстердам, а Шведска и Украина во Глазгов.
Мечевите се играат на 26., 27., 28., 29. јуни.
ОСМИНАФИНАЛЕ, ЕВРО 2020:
Велс – Данска
Италија – Австрија
Холандија – Чешка
Белгија – Португалија
Хрватска – Шпанија
Франција – Швајцарија
Англија – Германија
Шведска – Украина